Судијата Ѓоко Ристов со депонираните средства оди во домашен притвор и останува без нив, одлучи Кривичниот суд.

Определени мерки за судија осомничен за финансиски криминал

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје, постапувајќи по предлог од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука за мерки на обезбедување присуство и претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов. Тој е осомничен за сериозни кривични дела во областа на финансискиот криминал.

По излагањето на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, судот го прифати предлогот на обвинителството и му определи мерка куќен притвор. Дополнително, му беше одредена мерка за обезбедување присуство, која подразбира одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

Имајќи предвид дека осомничениот е апелационен судија и дека се товарува со две кривични дела – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ согласно член 273 став 1 и „Противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, судот пред донесувањето на оваа одлука го испратил предлогот до надлежниот Судски совет на Република Северна Македонија, кој одлучува за судискиот имунитет.

Прочитајте и:  (Видео) Барселона против Реал ја осигура 29-та титула во својата историја

По добиената согласност од Судскиот совет за постапување, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот и ги изрече мерките против Ристов. Странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет во однос на донесеното решение.

Од Основниот кривичен суд информираат дека постапката продолжува и дека следните процесни дејства ќе зависат од напредокот на истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.