СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ВО СЕКОЈА ФАЗА ЈА НАМАЛУВАА КАЗНАТА ЗА ВОЗАЧОТ ПАЈАЗИТИ

Првично, судијката Вера Костовска, сега во пензија, на 30 ноември 2023 година му пресуди 3 години и 6 месеци затвор, иако максималната казна за Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот со смртни последици е 5 години затвор. Потоа Јавното обвинителство се жалеше во Апелацискиот суд во Гостивар, при што вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, прво бараше да му се потврди казната од 3 години и 6 месеци, а потоа се предомисли и бараше пониска затворска казна за обвинетиот Менсур Пајазити. Судиите од Апелација Гостивар, Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати во април 2024 година ја преиначија пресудата на Основниот суд Тетово и ја намалија затворската казна за Пајазити од 3 и пол на 2 години.

Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити, кој во август во 2022 година смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово. Пресудата е од повтореното судење во Основниот суд Тетово, од кое семејството на Ристовска очекуваше правда, но доби само горчливо чувство дека животот на нивната Теодора вреди само 2 години затвор за невнимателниот возач. Особено што, како што течеа судските процеси за смртта на нивната ќерка, така обвинителите и судиите ја намалуваа казната за предизвикувачот на нејзината смрт.

Првично, судијката Вера Костовска, сега во пензија, на 30 ноември 2023 година му пресуди 3 години и 6 месеци затвор, иако максималната казна за Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот со смртни последици е 5 години затвор. Потоа Јавното обвинителство се жалеше во Апелацискиот суд во Гостивар, при што вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, прво бараше да му се потврди казната од 3 години и 6 месеци, а потоа се предомисли и бараше пониска затворска казна за обвинетиот Менсур Пајазити. Судиите од Апелација Гостивар, Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати во април 2024 година ја преиначија пресудата на Основниот суд Тетово и ја намалија затворската казна за Пајазити од 3 и пол на 2 години.

Целата статија ТУКА