Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување на сведоци

На последното рочиште сведочеше сопственикот на авто-лимарскиот сервис, сместен веднаш до дискотеката, кој детално ја опиша неговата перспектива за реновирањето на „Пулс“, и за трагичната ноќ во која објектот беше зафатен од пожар.

Во воведното излагање, одбраната на обвинетиот Александар Нацев означи дека ќе докаже оти „обвинетиот не бил ниту одговорно лице, ниту сопственик на правното лице ‘Рубикон‘“. Тие ја нагласија и фактот дека припадниците на обезбедувањето, за време на трагичниот настан, не биле задолжени да следат бројот на присутни гости, ниту да ја проверуваат безбедносната опрема на објектот. Исто така, се тврди дека правното лице не било обврзано да обезбеди план за безбедност.

Обвинителот Борче Јанев, во своето воведно обраќање, истакна дека ова судење е важен чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност. Тој повика општеството да се соочи со вистината: кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Нагласи дека е важно не само кој го предизвикал пожарот, туку и оние што имале можност да го спречат, потенцирајќи дека трагедијата е последица на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола, што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“. Според него, се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност.

На почетокот на судењето, обвинетите изразија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Некои од нив, иако изразија сочувство кон семејствата на жртвите, останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

Прочитајте и:  Политички аналитичар: Распадот на системот на Орбан нема да биде едноставен

Неколку обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле никакви дејствија кои би можеле да доведат до пожарот, дека имале валидна документација и дека трагедијата е последица на пропусти на институционално ниво, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување на докази и сведоци кои ќе ја потврдат оваа позиција.

Првообвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци притвор, не може да верува во слученото. Неговиот син, Михаил Јованов, пак, нагласи дека против него нема докази и дека е обвинет само затоа што е дел од семејството на Јованови.

Адвокатите на конкретни обвинети нагласуваат дека обвинението против нив е неосновано и дека не постои причинско-последична врска помеѓу нивните постапки и пожарот. Според нив, обвинетите не учествувале во адаптацијата на објектот и поседуваат валидни согласности.

Изјава дадоа и поранешните градоначалници, тврдејќи дека постапувале согласно законските прописи и дека не биле одговорни за надзор. Тие истакнаа дека обвинението представува преседан и дека требало да се поднесе барање за неиздавање дозвола за работа пред отворањето на дискотеката.

На крајот, трагедијата во која загинаа 63 лица, се случи за време на настап на групата „ДНК“ на 16 март 2025 година, кога објектот работел против законските прописи. Имало повеќе посетители од дозволеното, а пиротехничките средства биле активирани без согласност. Дискотеката функционирала нелегално, без потребните услови и документација за заштита од пожар.