Суд во Италија пресудил: „Премногу грда“ за да биде силувана

Италијанското Министерство за правда нареди прелиминарна проверка на „скандалозната“ пресуда на апелационен суд кој ја поништил првостепената пресуда против двајца мажи, со образложение дека жртвата била „премногу грда“ за да биде силувана, јавува Асошиејтед Прес.

Иронично е што одлуката е донесена од апелационен судски совет составен само од жени. Пресудата предизвика гнев во Италија, но и протести пред судот во Анкона, каде демонстрантите извикуваа „Срамота!“.

Се работи за случај од 2015-та година, а во своја одбрана првостепено осудените пред Апелациониот суд тврделе дека жената била премногу „машкоданеста“ за да биде жртва. Апелациониот суд ја поништил пресудата во 2017-та, но италијанската јавност тоа го дозна дури на 5 март годинава, по што повисока судска инстанца нареди ново судење. Образложението за потребата од ново судење ќе биде објавено во април.

- Реклама -