Околу 150 шахисти, спортисти и членови на екипите ќе учествуваат на Првата екипна шаховска лига, што ќе се одржи во Струга од утре до 29-ти овој месец, во организација на шаховскиот клуб „Фламуртари“.
Општина Струга ја поддржува оваа иницијатива, со уверување дека инвестицијата во спортот е инвестиција во луѓето, нивните таленти и иднината. Секој спорт, секој талент и секој граѓанин кој придонесува за активен живот во заедницата заслужува поддршка и простор за натамошен развој, велат од општинската прес-служба.
Шахот, како што истакнуваат, е спорт кој бара концентрација, стратегија, трпение и интелигенција. Тој ги обединува генерациите и создава можности за натпреварување, дружење и забава.
„Нека оваа недела биде полна со добри партии, спортска конкуренција, пријателства и убави моменти“, порачуваат од Општина Струга.




