По американско-израелските напади врз Иран и последователните реакции низ Блискиот Исток, стравувањата од широка ескалација што би можела да доведе до глобален конфликт растат. Во јавноста сè често се споменуваат војната меѓу Русија и Украина, како и тензиите околу Тајван, како потенцијални жаришта кои би можеле да ја активираат искрата на светска војна. Во таков контекст, најголемите и најнаселените држави би биле веројатни цели. Ипак, анализите од британските медиуми укажуваат на постоење на земји и територии кои, поради својата изолираност, неутралност или самодржливост, би можеле да понудат поголема безбедност.
На листата од 11 можни безбедни места, се наоѓаат:
Антарктик – Огромна ледена површина, оддалечена од главните геополитички центри. Иако изолираноста е предност, екстремната клима претставува голем предизвик за опстанок.
Исланд – Често се класифицира како една од најмирните држави во светот, со долга традиција на неучество во модерни војни и географска изолација.
Нов Зеланд и Австралија – Држави со стабилни институции и развиено земјоделство. Стручњаците веруваат дека јужната хемисфера би можела полесно да одржи производство на храна дури и во услови на нуклеарна зима.
Тувалу – Мала држава во Пацификот со околу 11.000 жители, одалечена од големите сили и потенцијалните воени фронтови.
Аргентина – Има значителни земјоделски ресурси и резерви на пченица, кои овозможуваат одреден степен на самодржливост.
Бутан – Планинска земја која традиционално се стреми кон неутралност и ограничена меѓународна ангажираност.
Швајцарија – Симбол на неутралноста, со развиена инфраструктура и долга историја на избегнување директно учество во конфликти.
Индонезија – Голема островска држава која историски настојува да остане надвор од глобалните воени судири.
Чиле – Долга територија со богати природни ресурси и пристап до океан, што може да обезбеди стабилност.
Фиџи – Изолирана островска држава со природни ресурси и мала веројатност да биде главна цел.
Јужна Африка – Земја со значајни земјоделски капацитети и извори на вода, кои би можеле да овозможат самостојно функционирање во кризни услови.
Иако ваквите анализи остануваат во сферата на хипотезите, тие ја одразуваат растечката глобална несигурност и прашањето колку е подготвен светот за евентуална ескалација од регионален во глобален конфликт.




