Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски по неуспешните обиди да го повика Судскиот совет на итна седница за пензионирање на поротничката, испратил допис до судот дека заминува на одмор од 8 до 17 јануари, или практично најавува отсуство од судењата во екото на набиената агенда.
Судот смета дека ова е уште еден обид за блокада и одолговлекување на процесот велат дека ќе поднесат претставка до Адвокатската комора дека Страшевски го злоупотребува правото на адвокат во постапката.
-„Заради интерес на медиумите за предметот во јавноста познат како „ТНТ“ и постојаните опструкции на поединци – странки во постапката, во целост го објавуваме последниот допис кој вчера кон крајот на работното време беше доставен до судот. За последните случувања и обиди за одолговлекување на главната расправа насрочена за 13 – ти јануари 2020 година, судот ќе ја извести Адвокатската комора и Судскиот совет на РСМ,“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Извор ФОКУС.