Странските возачи сега можат онлајн да ги проверуваат и платат казните од „Безбеден град“

Странските државјани кои ќе направат сообраќаен прекршок во Македонија, веќе можат електронски да проверат дали им е изречена казна и да ја платат без потреба да чекаат на граничниот премин. Министерството за внатрешни работи ја лансираше новата веб-апликација, која е оптимизирана и за користење преку мобилни телефони, наменета за сопствениците на возила и за други заинтересирани лица.