Најава од Дафина Стојаноска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за Алфа телевизија, по повод 36 годишнината од основањето на партијата, настанот кој вечерва ќе се одржи во Струмица под слоганот „Македонија забрзува, наша обврска“. Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се движи по истата патека како и пред три децении, кога партијата беше основана, со основна цел да ги промовира демократските вредности во слободна и независна Македонија. Сепак, во актуелните времиња, потребно е да се адаптираат стратегиите во согласност со новите предизвици што ги носи современото општество.



