Стојанче ја удри Ивана пред Мартин, а полицијата стигнува и си заминува без дејствија два часа пред трагичниот настан.

Нови и вознемирувачки докази се изнесоа пред судот во случајот против Стојанче Јовановски. Обвинителството настојува да покаже дека тој со години ја малтретирал својата сопруга Ивана Јовановска, а нејзиното страдање довело до трагичен исход, во кој животот го изгуби и нивната малолетна ќерка, Катја Јовановска.

Во судската сала беа прикажани видео записи, на кои, според обвинителството, се гледа како Јовановски ѝ удира шлаканица на Ивана во присуство на сведокот Мартин Саздов. По овој инцидент, Ивана повикала полиција, а службениците пристигнале на местото на настанот, разговарале со присутните и заминале. Според обвинителката, полицајците ѝ укажале дека ако повторно ги повика, би можела да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување. Настанот се случил само два часа пред трагедијата на 2 март, кога по пад од балкон животот го загубија мајката и детето.

Прочитајте и:  Два нови медали за Македонија во тимска конкуренција

Обвинителството дополнително презентираше вештачење од психијатар и психолог, кои констатирале дека психичката состојба на Ивана била сериозно нарушена како последица на долговечно семејно насилство. Во доказната постапка беа вклучени и документи, вклучувајќи договор за дарување на стан, обдукциски извештаи, како и наоди од Центарот за социјални работи, со цел да се поткрепи тезата дека обвинетиот ја поттикнал сопругата на самоубиство.

Стојанче Јовановски се товари за три кривични дела: насилство и телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.