Рахим Стерлинг бил уапсен во четвртокот под сомнение за возење под влијание на дрога.
Тој е обвинет и за опасно возење, поседување на дрога од класата Ц, како и за одбивање да се подложи на тестирање за дрога.
Полицијата го запре Стерлинг откако неговото Ламборџини се удрило во заштитна ограда.
Во соопштението од полицијата стои следново:
„Непосредно пред 9 часот наутро, добивме информации дека Ламборџини се удрило во заштитна ограда на автопатот М3, во близина на раскрсницата Минли. Во несреќата не биле вклучени други возила, а нема и повредени. 31-годишниот возач од Беркшир бил уапсен под сомнение за возење под дејство на дрога, опасно возење, поседување дрога од класа Ц и одбивање да даде примерок за тестирање. Тој е ослободен со кауција додека трае истрагата“.
Британските медиуми потврдиле дека се работи за Рахим Стерлинг.
Според законите во Велика Британија, дрогите од класа Ц вклучуваат различни типови транквилизери, лекови за контролирање на напади, благи опиоиди, анаболни стероиди и супстанции како што е „гас за смеење“.
Foto/ EPA




