Стефано Доменикали ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател и извршен директор на Формула 1 менаџментот во наредните најмалку пет години, по известувањето од Либерти Медиа, која е сопственик на комерцијалните права на шампионатот. Тој ја презеде улогата во почетокот на 2021 година, по завршувањето на својата кариера како тимски шеф на Ферари, и од тогаш Формула 1 бележи значителни резултати, како во глобалната популарност така и во заработката. Како втор извршен директор на ФОМ, Доменикали го наследи Чејс Кери, кој ја презеде функцијата откако Либерти Медиа ги доби комерцијалните права во 2017 година. Сега, со новиот договор, тој ќе остане на чело на ФОМ до 2029 година, ставајќи точка на гласините за префрлање во Мото ГП, каде исто така Либерти Медиа обезбеди комерцијални права. Почетокот на новата сезона во Формула 1 се одвива со тренинг сесиите во петок, а неделната Голема награда на Австралија е на хоризонтот.