Старт и финиш на Ф1 сезоната: Мелбурн и Абу Даби

Се приближува стартот на новата сезона во Формула 1, а првата трка ќе се одржи оваа недела во Австралија. Минатогодишниот шампион, Макс Ферстапен, повторно е подготвен да ја одбрани својата титула меѓу возачите, додека Мекларен ќе се стреми да го одржи успехот меѓу конструкторите. Календарот за 2025 година во Формула 1 вклучува вкупно 24 трки, а завршната ќе биде во Абу Даби на 7 декември. Интересно е што трките во Бахреин и Саудиска Арабија се планирани во месец април поради празнувањето на Рамазан.

Ова е распоредот на трките за 2025 година:
– 14 до 16 март, Австралија, Мелбурн
– 21 до 23 март, Кина, Шангај
– 4 до 6 април, Јапонија, Сузука
– 11 до 13 април, Бахреин, Шахир
– 18 до 20 април, Саудиска Арабија, Џеда
– 2 до 4 мај, САД, Мајами
– 16 до 18 мај, Имола
– 23 до 25 мај, Монако
– 30 мај до 1 јуни, Барселона
– 13 до 15 јуни, Канада, Монтреал
– 27 до 29 јуни, Австрија, Спилберг
– 4 до 6 јули, Велика Британија, Силверстон
– 25 до 27 јули, Белгија, Спа
– 1 до 3 август, Унгарија, Будимпешта
– 29 до 31 август, Холандија, Зандворт
– 5 до 7 септември, Монца
– 19 до 21 септември, Азербејџан, Баку
– 3 до 5 октомври, Сингапур
– 17 до 19 октомври, САД, Остин
– 24 до 26 октомври, Мексико, Мексико Сити
– 7 до 9 ноември, Бразил, Сао Паоло
– 20 до 22 ноември, САД, Лас Вегас
– 28 до 30 ноември, Катар, Лусаил
– 5 до 7 декември, Абу Даби