Физичка сила употребил 18-годишник врз 70-годишна жена во Скопје, по што ѝ одзел личен накит. Осомничениот е приведен, а полицијата најавува пријава по итна постапка.
Станува збор за Д.И. од Кочани, кој бил лишен од слобода вчера, 9 август, во 12:20 часот на подрачјето на Центар. Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходно добиена пријава за кражба.
Според пријавеното, 18-годишникот со употреба на физичка сила го одзел накитот од 70-годишната скопјанка.
За настанот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на случајот, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесат пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, по член 236 став 3 од Кривичниот законик.




