Средба на Мицкоски и Вучевиќ: Разговори за стабилноста во регионот и зајакнување на соработката

„Имавме конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Северна Македонија. Темата на нашиот разговор беше зајакнување на соработката помеѓу Србија и Северна Македонија, зачувувањето на стабилноста во регионот, како и блиското поврзување на нашите народи. Говоривме за важноста на соработката помеѓу Српската напредна партија и ВМРО-ДПМНЕ. Добрите релации и меѓусебната почит се основа за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ.

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и вицепремиер, преку својот профил на социјалните мрежи исто така ја објави средбата со Вучевиќ.

„Разговаравме за клучничните прашања од значење за положбата на српскиот народ во Македонија, за подобрување на институционалната соработка со нашата татковина, како и за развојот на економскиот и културниот потенцијал на двете земји“, истакна тој.

Посебно внимание беше посветено на економската поврзаност и регионалните иницијативи. Договоривме важноста на модернизацијата на граничните премини, особено преминот Прешево-Табановце, за да се намали времето на чекање и да се забрза транспортот. На средбата акцентот беше на зачувување на културниот, јазичниот и националниот идентитет.

„Нашата цел е да ѝ обезбедиме на српската заедница во Северна Македонија силна поддршка преку конкретни проекти, подобрување на инфраструктурата и стимул за економски развој. Со градење партнерства со Скопје, создаваме стабилен и развиен Балкан, каде младите можат да ја пронајдат својата иднина“, изјави г-дин Милош Вучевиќ.