„Постигнувањето на целосна дигитализација на работата на Собранието беше поздравено од присутните, имајќи предвид нејзиното значење за градењето на државата. Особено е важно да се напомене значењето на седниците од периодот од 1991 до 2002 година, кога видео записите беа достапни само на МРТ. Господинот Петковски го поздрави ваквиот пристап и предложи во процесот да се вклучи и Државниот архив, како институција основана за оваа цел. Господинот Вељаноски истакна дека Собранието мора да придава одговорност кон зачувувањето на целокупниот материјал од седниците. Претседателите Гаши и Митрески нагласија дека Советот на Собранискиот канал, во рамките на своите надлежности, може да даде свој придонес во оваа обстава“, соопштија од собраниската прес-служба.
Во однос на колективните договори за државните универзитети и високото образование, присутните нагласија дека Собранието има обврска да овозможи високо образование што ќе создаде квалитетен кадар потребен на државата во различни области: здравство, образование, стопанство и општествени дејности.
„Реализацијата на целосни реформи во високото образование претставува предизвик за Собранието, кое треба да донесе квалитетен закон за високо образование. Овој закон треба да биде во интерес и на професорите и на државата, и да нуди одржливи решенија кои нема да се менуваат со менување на власта. Беше истакнато дека е важно да се внимава при колективното договарање за да се избегнат можни нејаснотии и Собранието да биде вклучено во процеси што не подлежат на Законот за работните односи. Поранешниот Етички кодекс не се применуваше во пракса, па донесувањето на нов кодекс се оцени како можност за зголемување на интегритетот на пратениците и за зајакнување на довербата на јавноста во нивната функција“, информираа од собраниската прес-служба.
Гаши исто така предложи формирање на советодавно и консултативно тело за обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието, со цел унапредување на парламентарната практика и демократијата. Тој ги поттикна присутните да споделат свои видувања и напомена дека оваа идеја ќе ја презентира и на претседателите на Собранието кои не беа присутни на средбата.




