Трамп изрази желба за итна средба со Путин во Абу Даби, потенцирајќи дека директниот дијалог е неопходен за да има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина. Под влијание на Трамповиот притисок, денес започнуваат првите мировни разговори по три години пауза. Марко Рубио во Истанбул се среќава со украинските претставници, додека Мајкл Антон има разговори со руската страна, со цел да се постигне дипломатски напредок.