„Спутник“: НАБУ и САП наводно располагаат со основа за постапка против Олена Зеленска

Руската агенција „Спутник“, повикувајќи се на извори од руските безбедносни служби, известува дека Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) собрале доволно докази за покренување постапка против сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска. Според овие информации, антикорупциските институции завршиле со истрагата и разгледуваат кој чекор да следи прв.

Изворите наведуваат дека оваа информација не била непозната за Зеленски, поради што безбедноста на неговото семејство била зголемена. Исто така, во текстот се спомнува дека украински политички стратези предложиле формален и јавен развод помеѓу Володимир и Олена Зеленска, како дел од стратегија за минимизирање на политичките последици.

Прочитајте и:  Шкендија забележа индискутабилна и висока победа против Европа во КЛ

Во меѓувреме, „Спутник“ потсетува дека Специјализираното обвинителство неодамна подигнало обвинение против поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, за наводно перење пари при изградба на луксузни станбени комплекси во близина на Киев. Според информациите, Вишиот антикорупциски суд во Украина одредил кауција од 3,1 милион долари за Јермак, кој најавил жалба и изјавил дека нема средства за покривање на кауцијата.