Spotify повторно најави пуштање на Music Pro претплата оваа година

Spotify повторно најави пуштање на Music Pro претплата оваа година

Секоја година се појавуваат шпекулации дека Spotify конечно ќе им понуди на своите корисници можност за слушање музика со повисок квалитет. Иако актуелниот квалитет не може да се смета за несоодветен, за вистинските љубители на звукот, HiFi аудиото и „lossless“ форматите овозможуваат беспрекорно музичко искуство. Некои од главните конкуренти, како што е Apple Music, веќе им нудат на своите корисници „lossless“ аудио, што овозможува подобро уживање во музиката. Од Spotify веќе подолго време се најавува дека ќе воведат слична услуга, но досега овие најави не се реализираа.

Според најновите информации, повторно се разгледува можноста за лансирање на Music Pro претплатата, која би обезбедила аудио со повисок квалитет за корисниците. Останува да се види дали овој пат компанијата навистина ќе ја исполни својата најава и ќе ја претстави оваа нова услуга во текот на оваа година.