Меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ пристигнува во Македонија! На 27 февруари, во Владата на Република Македонија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, како и значајни личности од политичката и бизнис заедницата, ќе биде потпишан договор кој официјално ја кој Македонската држава ја вклучува во оваа значајна меѓународна иницијатива. Ова потпишување бележи старт на нова ера за младинскиот спорт во нашата земја.
Под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија, Плазма Спортските игри за млади пружаат уникатен простор за млади спортисти да се натпреваруваат во десет различни спортски дисциплини, создавајќи атмосфера која поттикнува физичка активност, соработка и фер-плеј.
Договорот ќе го потпишат Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, и Здравко Мариќ, претседател на Плазма Спортските игри за млади. Оваа соработка создава можности за повеќе од илјада деца од различни општини во Македонија да учествуваат во спортски натпревари, каде ќе бидат промовирани вредностите на фер-плеј, здравиот начин на живот и пријателството.
Како дел од „Спортските игри за млади“, ќе се одржат натпревари во 10 спортски дисциплини, вклучувајќи мал фудбал, одбојка, ракомет, кошарка 3х3, тенис и атлетика. Настаните ќе се реализираат во април, мај и јуни 2026 година, преку 18 спортски денови, со активно учество на училиштата и локалните заедници. Најдобрите учесници од државните натпревари ќе имаат прилика да учествуваат на Меѓународната завршница во Сплит.
Со учествувањето во оваа платформа, Македонија се приклучува на земји како Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои веќе ги реализирале Игрите. Дополнително, Македонија работи на создавање на своја национална платформа, фокусирана на младите и зајакнување на соработката меѓу училиштата, општините и спортските федерации, како на домашен, така и на регионален план.




