Осумгодишната Ана се бори против редок и агресивен тумор, потребни се 100.000 евра!

Хуманитарна кампања за спас на мали Ана

Платформата Еcrowd објави апел за помош за осумгодишната Ана Јованчева, чие детство наместо со игри и училишни обврски, е исполнето со страшна и животозагрозувачка дијагноза.

Ана, на само 8 години, треба да ужива во безгрижните денови, а не да се бори со болести и дијагностици. Имено, ѝ е дијагностициран редок и агресивен тумор на синусите, што ја става во сериозна опасност. Болеста е комплексна, а времето е од витално значење.

Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде моментално се бара специјализиран хирург за извршување на неопходната операција. Интервенцијата е особено чувствителна поради локацијата на туморот и неговата агресивност.

Оваа кампања е позната како најитна досега. Секој ден на чекање значи зголемен ризик, а секое одложување ја намалува шансата за спас. Пред Ана е тешка борба, но таа не може да ја води сама.

Потребни се финансиски средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар, што преаѓа преку нивните можности.

Да покажеме дека солидарноста е посилна од секоја болест. Да ѝ дадеме шанса на ова мало девојче да продолжи да сонува, да расте и да живее. Сега е моментот. Итно.

Помогнете ни со вашиот придонес.