Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи својата 38. седница, на која ќе се расправа само за една точка – давање мислење на Владата на Република Северна Македонија во врска со предлогот за именување на нов јавен обвинител. Согласно законските прописи, Советот е должен да донесе одлука во рок од 15 дена, при што може да даде позитивно или негативно мислење.




