Според последните информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, со влажни коловози на одредени места.
Поради појава на магла, на планинските премини Ѓавато и Плетвар видливоста е намалена до 50 метри.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
Потсетување дека од 15 ноември 2024 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде има ризик од одрони, како што се:
Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево, Катланово – Велес.
Возачите се советуваат да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.