Започнува петтата сезона од Sons of Anarchy (видео)

Од 11-ти септември повторно започнуваат авантурите на SAMCRO! Петтата сезона ќе ни понуди нови возбудувања во малото гратче Чарминг и многу адреналин на две тркала од  Џекс и неговата дружина.

Во новата  сезона ќе се запознаеме и со нов лик кој ќе го глуми Ешли Тисдејл, која ни е позната од филмовите на Дизни, но овој пат таа има поженствена улога. Во Sons of Anarchy таа глуми скапо платена ескорт дама, улога од која би поцрвенеле нејзините колеги од Дизни!

{youtube}cF7NFBMlk_I{/youtube}

Желбата на Ешли за позрела и поженствена улога конечно се исполни, и тоа на најдобар начин во сè попопуларната серија Sons of Anarchy. Во една сцена Тисдејл се наоѓа сред опасна тепачка во која Џекс, кој е претседател на SAMCRO оваа сезона, за дел од секундата ѝ го спасува животот…

Објавено во соработка со Мотори.

- Реклама -