СОНЧЕВО И ТОПОЛО, А ОД УТРЕ ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 25 литри на метар квадратен дожд), силен ветер (над 60 км/час) и електрични празнења и со услови за локална појава на град.

Објавено 13/09/2025 9:08:26
Денеска ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) под влијание на Атмосферски фронт од север ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и создавање влажни и нестабилни воздушни бранови.