Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Според најавите од УХМР ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне особено во северните и источните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.


ОД УХМР известуваат дека денес од попладневните часови во планинските региони на северниот дел од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во источниот дел од земјата ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.
Според прогнозата на УХМР во текот на претстојната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.