За утре се прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, се наведува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во попладневните часови во крајните западни делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд.
УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 10. Температурата ќе се движи од 31 до 42 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Максималната дневна температура ќе достигне 40 степени.
За утре се прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
За попладне, во западните делови од земјата, се прогнозира појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот и утре ќе биде висок и ќе изнесува 9.
За утре во Скопје синоптичарите прогнозираат сончево и многу топло време со мала локална облачност.
Дневната температура утреќе биде од 31 до 42 степени.