Во Скопје денеска преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во некои делови од котлината може да се очекува повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево и посвежо, со слична облачност. Ветрот ќе биде умерен до засилен, со брзини над 60 km/h. Максималната температура ќе се движи помеѓу 23 и 32 Целзиусови степени.




