Сончево и топло, попладне со нестабилна облачност и повремен дожд.

Во Скопје, времето е сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне, во повисоките делови на котлината, се очекува краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утре, времето повторно ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне, на некои места, условите ќе бидат нестабилни, со можни порои, грмежи, засилен ветер и шанси за изолирано невреме. Дневните температури ќе достигнат до 36 Целзиусови степени.