Со 1,59 промили алкохол предизвикал неред во болница во Велес – заврши во полиција

На 5 јуни 2026 година, во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи ја приведоа Р.М. (49) од Велес. Тој, во здравствена установа, го нарушил јавниот ред и мир со непристојното однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници, кои вршеле свои обврски. По спроведените мерки, утврдено е дека Р.М. бил под влијание на алкохол, со измерени 1,59 промили во крвта. Бил задржан во полициска станица, а по документирањето на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте и:  Во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани 198 пациенти