Во Гостивар утрово паѓа снег со среден интензитет. Снегот за сега не претставува проблем во одвивањето на сообраќајот, а според најавите на метеоролозите ќе врне во текот на целиот ден со променлива јачина и повремено мешано со дожд.
Времето денес ќе биде облачно и постудено. На планините врнежите од снег ќе формираат снежна покривка од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.
Максималната температура во Гостивар ќе достигне 5 степени.