Забрана за сообраќај на товарни возила денеска е воведена и на Пресека и на планинскиот превој Буково
Поради обилните врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни моторни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, информираат од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) велат дека се воведени нови забрани за движење на камиони на магистралниот пат Кичево – Охрид и на преминот Плетвар.
Забрана за сообраќај на товарни возила денеска е воведена и на Пресека и на планинскиот превој Буково.