Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе осум лица вмешани во обиди за попречување на процесот на мобилизација во Украина, јавија украинските медиуми.
„Тие луѓе охрабрувале регрути да ја избегнат воената служба и ширеле лажни информации за вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.
Меѓу осомничените е и жител на Киев кој со нож нападнал претставници на Територијалниот центар за мобилизација (ТМЦ) додека тие објавувале оглас. Брзата акција на воениот персонал и полицијата доведоа до негово навремено апсење. Сите приведени се обвинети по неколку членови од Кривичниот законик на Украина.