На утрешниот оперативен брифинг, кој го организираа старешините од Армискиот Воздухопловен ВИНГ, екипата на чешкиот хеликоптер Блек Хок беше информирана за пожарот во планината Готен, на беровската страна.
Според информации од Дирекцијата за заштита и спасување, најблискиот извор за полнење вода е вештачкото езеро Турија, кое се наоѓа на само десетина километри од местото на пожарот.
Чешкиот хеликоптер ќе полети во краток рок и ќе се приклучи на акцијата за гаснење на пожарот.
Исто така, во близина на Берово се наоѓа конвој од 61 словенечки пожарникар со 18 возила, вклучувајќи специјални теренски возила опремени за справување со шумски пожари, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.




