Скриени документи: Кремљ во позадината на тајни акции за дестабилизација на Западот — од исламофобични провокации во Париз до вмешување во избори.

Истрагата спроведена од Делфи Естонија, ОЦЦРП и бројни меѓународни медиуми открива дека зад овие акции стои руската агенција за односи со јавноста, позната како Агенција за социјален дизајн (СДА). Оваа агенција веќе е под санкции од САД, Велика Британија и Европската Унија поради претходни кампањи за манипулација на јавноста. Меѓутоа, новите документи укажуваат на тоа дека овие операции не само што биле лична иницијатива, туку имале и директна координација од самата руска претседателска администрација.

Во внатрешните документи, овие операции се нарекуваат „когнитивни удари“ против Западот, со цел да се продлабочат внатрешните конфликти во западните општества, да се поттикнат протести, меѓуетничка нетрпеливост и политичка нестабилност.

Иако многу од документите немаат конкретен автор, не може со сигурност да се потврди потеклото на овие операции — дали се од СДА, Кремљ или некои други структури. Ниту руската претседателска администрација ниту СДА не одговориле на барањата за коментар.

Шокантна провокација во Париз

Една од најзапрепастувачките акции се случила во септември 2025 година, кога девет џамии и исламски културни центри во Париз биле цел на исламофобична провокација. Пред вратите биле оставени крвави отсечени свински глави, секоја со натпис „Макрон“ испишан со сино мастило.

Неколку месеци подоцна, тројца Срби биле осудени за учество во нападот. Според судските документи, тие действувале под упатства од структури на руските разузнавачки служби, сè со цел да предизвикаат немири и нетрпеливост.

Протечениот документ со наслов „Извештај за операцијата ‘Свинска глава’“ открива дека шест оперативци пристигнале во Париз на 7 септември, потоа извршиле извидување, а ноќта оставија свинските глави пред целните објекти, по што ја напуштиле Франција. Документот со задоволство констатира дека акцијата привлекла внимание во светските медиуми.

Напади врз еврејски заедници

„Зелени синагоги“ во интерните разговори.

Лице со псевдоним „Едвард Бернајс“, во очигледна референца на познатиот пионер на манипулативната пропаганда, му напишало на висок руски функционер дека акцијата успешно ја постигнала целта. „Настанот заврши на насловните страници на светските медиуми“, се вели во пораката.

Целта била да се дискредитира француската власт и да се покаже дека не може да запре наводниот пораст на исламски антисемитизам во Париз, како и да се нанесе удар на имиџот на Емануел Макрон.

Според судските документи, истите лица оставиле и пластични скелети во близина на Бранденбуршката порта во Берлин, со цел да поттикнат верска и национална омраза меѓу муслиманите и Евреите, со намерна дестабилизација на Франција и Германија.

Координација од Кремљ

Во протечените комуникации, учесниците користеле англиски псевдоними како „Alex Abbot“, „Sam Spencer“, „Bruce Lee“ па дури и „Immanuel Kant“. Клучната фигура била корисникот „Kristin Kiler“, за кого се смета дека е псевдоним на Софија Захарова, висока званичничка во руската претседателска администрација. Тaa ги координирала буџетите и операциите, а во еден од документите пишува: „Чекаме зелено светло од СВК“, иницијали поврзани со Сергеј Кириенко, заменик-шеф на кабинетот на Кремљ.

Прочитајте и:  Шкендија забележа индискутабилна и висока победа против Европа во КЛ

Таа е санкционирана од страна на Европската Унија уште во 2024 година, поради нејзиното директно работење со шефот на СДА, Иља Гамбашидзе.

Операции под лажно знаме

Документите откриваат планови за операции под лажно знаме, со цел да се создаде впечаток дека акциите ги извршил некој друг. Една од идеите била да се сквернави споменикот на Шарл де Гол во Париз, со што вината да падне на украински националисти.

Во инструкциите стоело дека самите извршители треба да бидат измамени — да веруваат дека дејствуваат во интерес на Украина и по налог на фондацијата на Олена Зеленска.

Во друг бизарен предлог, било предложено 30 сексуални кукли да се пуштат во реката Сена, со пораката: „Е*и ги мигрантите!“

Влијание во Ерменија

Документите откриваат обид за влијание на парламентарните избори во Ерменија. Планот предвидувал користење на медиумот erevan.one, насочен кон ерменската дијаспора во Русија, за промовирање на негативен став кон премиерот Никол Пашинјан и позитивен однос кон проруските сили. Во документите се нагласува дека дел од ерменските гласачи имаат и руско државјанство и можат да имаат одлучувачко влијание.

Имало и дезинформациски кампањи со тврдења дека Пашинјан купил луксузна вила во Марсеј, како и дека Володимир Зеленски купил стан во Бурџ Калифа за својата мајка — приказна што подоцна беше раскринкана.

Користење на западни јавни личности

Документите укажуваат на напори за ангажирање на западни јавни личности за ширење проруски ставови. Во една преписка, Софија спомнува изјави од францускиот генерал Доминик Делавард, со порака дека Русија победува и дека мирот ќе биде по нејзини услови. Спомнува и американскиот пензиониран генерал Пол Валели, кој, според документите, е близок до Доналд Трамп и поседува голем потенцијал за влијание.

Не постојат доказите дека тие биле свесни за он што се случува зад овие операции.

Планови за 2026: АИ-пропаганда и следење на влијателни профили

Документите откриваат дека активностите продолжуваат. Во плановите за 2026 година предвидени се: веб-страница за влијание врз западни аналитички институти; АИ-систем за автоматско генерирање содржини за германската публика; база за следење на речиси 10.000 профили на влијателни личности; систем за следење на 100 водечки француски опозициски фигури; медиумски проект „Руски бран“; АИ-видеомрежи за Франција.

За проектот Мителеуропа, идејата била да се ослаби Вишеградската група и да се создаде нов геополитички блок околу Австрија, Унгарија и Словачка.

„Русија како суперсила“

Во една од протечените пораки, стратегијата отворено се објаснува: „Колку повеќе Русија учествува во активни кампањи за влијание низ светот, толку посилен е имиџот на глобалната руска моќ.“ Експертите предупредуваат дека ваквите операции се особено опасни, бидејќи не секогаш сразу се увидува нивниот ефект.

„Може да поминат години пред последиците целосно да станат видливи — а тогаш веќе може да биде предоцна“, предупредува аналитичар од хелсиншкиот центар за хибридни закани.