Еден од највлијателните диџеи и продуценти на глобалната музичка сцена, Black Coffee, ова лето ќе настапи во Скопје на впечатлив open air настап, кој веќе се смета за еден од најзначајните музички настани за сезоната.
Концертот е закажан за 19 јуни со почеток во 22 часот, а ќе се одржи на Стадионот на АРМ, со организацијата на Авалон Продукција.
Како добитник на Греми награда, Black Coffee има освоено публика во мега-arene како што се Madison Square Garden и The O2 Arena. Тој е едно од најистакнатите имиња во модерната електронска музика и клучен учесник во глобалната експанзија на afro-house жанрот.
„Black Coffee не само што свири музика – тој создава магија“, велат организаторите, најавувајќи уникатно аудио-визуелно доживување под отворено небо.
Влезниците за концертот веќе се достапни во продажба и можат да се набават онлајн преку поединечни платформи, а посетителите ќе имаат можност да изберат и специјални ВИП пакети за ова ексклузивно доживување.
Со овој концерт, Скопје летово ќе стане дел од светската електронска мапа, а публиката ќе може да ужива во, како што најавуваат организаторите – „најпознатото искуство со Black Coffee“.




