Скопјанка физички нападната од бившиот партнер, употребил остар предмет.

Денес, на 24.08.2025 година, во 08:15 часот, полицијата од СВР Скопје го уапси О.И. (55) од Скопје, по добиена пријава за физички напад врз неговата поранешна партнерка, стара 50 години, исто така од Скопје. Во текот на инцидентот, тој употребил остар предмет.

По завршувањето на истрагата, ќе биде поднесена соодветна пријава.