Најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, Маријус Борг Хејби, е под обвинение за сериозни кривични дела, вклучувајќи силување, сексуален напад и нанесување телесни повреди.
Обвинителството во Осло објави дека Хејби е под истрага за повеќе кривични дела поради неколкумесечна испитување, кое вклучува голем број наводни жртви. Помеѓу доказите се наоѓаат СМС-пораки, сведочења и документи собрани за време на претресите.
Обвиненијата вклучуваат едно силување со сексуален однос, две без него, четири сексуални напади и две телесни повреди. Неговиот адвокат изјави дека Хејби ги разбира обвиненијата и ги сфаќа сериозно, но истовремено ги негира поголемиот дел од нив.
Кралската палата досега не се огласила со официјален став.
Маријус Борг Хејби, син на Мете-Марит од нејзината претходна врска, живеел со кралското семејство, но сега живее самостојно. До евентуалниот почеток на судењето, тој останува на слобода.




