Синер се соочува со Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралијан Опен

Јаник Синер ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен.

Италијанскиот тенисер го совлада Американецот Бен Шелтон со убедливи 3-0 во последното четвртфинале.

По речиси два ипол часа напорна игра, Синер, актуелниот бранител на титулата, успеа да победи со резултат 6:3, 6:4, 6:4. Се забележа дека противникот искажал малку повеќе отпор во третиот сет.

Во полуфиналето освен Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз и Александар Зверев.

Фото/ depositphotos.

Прочитајте и:  Избрана најлошата екипа на Светското првенство