Синдикатите против МЗТ, а сите за Силјан

Денес, во 18:00 часот, во спортскиот центар Кале ќе се одржи традиционално едно од најзначајните кошаркарски дербија помеѓу КК Работнички и КК МЗТ. Овој меч секогаш бил ставен во фокусот на интересот бидејќи се игра помеѓу двајцата најуспешни и долгогодишни ривали во Скопје. Без оглед на тоа дали се во игра титули или не, атмосферата е секогаш напната и полна со возбуда, а навивачите со нетрпение го очекуваат овој натпревар…