Синдикатите повикуваат на зголемување на минималната плата

Платите на работниците ќе се зголемат, но не и на ниво од 450 евра, туку само ќе има прилагодување според законската методологија. Лидерот на КСОМ истакнува дека во моментов има застој во Економско социјалниот совет, и како што наведува, нема репрезентативен синдикат кој би можел да донесе каква било одлука. Тој предвидува дека вработените со исплатата на плата за месец март ќе добијат само околу 1 800 денари повеќе. Синдикатите веруваат дека, ако минималецот достигне околу 24 400 денари, ќе се залагаат за уште повисоки плати, бидејќи работодавачите имаат средства и можности за тоа. Нагласуваат, „Платите мора да се зголемат“. Главната причина е што добрите работници можат да ја напуштат земјата. Од друга страна, работодавачите не покажуваат подготвеност за компромис. Преговорите се во застој, и ако не се постигне договор, може да биде потребна интервенција од Владата. Засега, Социо-економскиот совет не закажал седница, изјави Марјан Ристевски.

Сојузот на синдикати в понеделник ќе испрати официјално барање до сите засегнати страни, вклучувајќи ја и Владата и пратениците, за минимална плата од 500 евра. Слободан Трендафилов, предводникот на ССМ, наведува дека првичниот предлог за 450 евра, изнесен на ланскиот првомајски протест, веќе не е актуелен. Во поглед на репрезентативноста на синдикатот, сè уште се очекува Владата да ја формира потребната комисија. За повеќе од 20 илјади вработени, од кои мнозинството се од мали и микро фирми, минималната плата има значајно влијание.