Син му на Ѓоковиќ одби да игра со него (Видео)

Новак Ѓоковиќ на 12-ти јануари ќе започне со настап на неговото омилено Отворено првенство на Австралија, каде што досега освои неверојатни 10 титули. Српскиот тенисер веќе е во Австралија, каде активно се подготвува за турнирот, учествувајќи и на ревијални натпревари за загревање.

На еден од овие ревијални мечеви во мешани двојки, Ѓоковиќ приреди забава за публиката. Учесниците на натпреварот го поканија неговиот син Стефан да се симне на теренот и да се приклучи на играта, но тој одби.

И покрај тоа, атмосферата остана позитивна, а Ѓоковиќ ја покажа својата релаксирана страна пред големиот предизвик. Со 10 шампионски титули зад себе, Новак ќе се стреми кон нов рекорд и освојување на 11-та титула на овој престижен грен слем турнир.

- Реклама -