Силни земјотреси го погодија Санторини во текот на денот

Силни земјотреси ја погодија Санторини во текот на денот

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди регионот на Пелопонез, вклучувајќи ги Патра и пристаништето Килини. Засега нема информации за можни материјални штети, но жителите се вознемирени, а многумина избегале од своите домови и излегле на улиците.

Земјотресот бил почувствуван и на островите Закинтос и Кефалонија, кои претходно беа погодени од силни невремиња. Поплавите направија значителна штета, вклучувајќи уништени домови, продавници и препознатливите плажи на овие острови.

Низата потреси во Санторини продолжува веќе цел месец, без знаци на смирување. Во текот на денот се регистрирани десетици потреси, од кои најсилниот достигна 5,1 степен и беше почувствуван дури и во Атина. По него следеа неколку земјотреси со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Жителите на Санторини, како и оние на Аморгос и Иос, се крајно загрижени, бидејќи експертите предупредуваат на можноста од уште еден, посилен земјотрес со јачина од 6 степени, кој би можел да предизвика и цунами.

Иако нема прецизен одговор за околу 20.000 земјотреси кои започнаа на 27 март, научниците претпоставуваат дека тие имаат мешано тектонско и вулканско потекло. Не се исклучува можноста за помала ерупција, која би можела да послужи како начин за ослободување на акумулираната енергија што настанала поради подигнувањето на магмата кон површината.

Според сеизмолозите, двата најголеми вулкани во областа сè уште не се активни, но потенцијална ерупција би можела да доведе и до формирање на нов, подводен вулкан.

Властите воведоа вонредна состојба, додека жителите добија јасни упатства за тоа како да реагираат во случај на посилен потрес. Војската, противпожарните сили, тимови за спасување и експерти за сеизмологија се во постојана состојба на готовност и внимателно ги следат сите промени во морските длабочини.

Островот е домаќин на тимови психолози кои им пружаат поддршка на жителите што одлучија да останат, и покрај постојаната несигурност. Многумина од нив се изморени и исцрпени од континуираните потреси, со кои сè потешко се справуваат.

Од околу 12.000 луѓе,кои во првите денови на серијата земјотреси побрзаа да го напуштат Санторини,мал број локални жители и сезонски работници веќе почнаа да се враќаат. Иако нивниот страв не е во целост исчезнат, тие велат дека немаат избор освен да се вратат во своите домови и да продолжат со секојдневниот живот.