Сиљановска оствари средба со казахстанскиот министер Арман Шакалиев – акцент на трговијата и енергетиката.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари значајна средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој е во официјална посета на нашата земја заедно со делегација од казахстанската деловна заедница. На оваа средба, две земји повторно ги потврдија своите пријателски односи.

Претседателката истакна дека неодамнешните средби на високо ниво, вклучувајќи ги разговорите со претседателот Касим-Жомарт Токаев на форумот во Астана и на Самитот КОП 29 во Баку, како и учеството на Дипломатскиот форум во Анталија, значително ги зајакнале довербата и политичкиот дијалог.

На разговорот беше нагласена заедничката посветеност кон унапредување на економската соработка, особено во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, како и во трговската размена, културата и туризмот.

Прочитајте и:  Нови neprijatni iznenaduvaња за Иран пред почетокот на Мундијалот

Претседателката го истакна значењето на Вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на два клучни документа: Договорот за македонско-казахстански бизнис совет и Меморандумот за промоција на трговијата и економската соработка. Казахстанските претставници покажаа посебен интерес за инвестиции во слободната економска зона Бунарџик, која нуди полесен пристап до европскиот пазар.

На крајот, Претседателката и министерот ја потврдија заложбата на малите и средни држави за мултилатерализам и потребата од зајакнување на улогата на Обединетите нации во современиот меѓународен поредок.