Сиљановска-Давкова: Уште 200 војници ќе ги гасат пожарите, потребно е преиспитување на Законот за управување со кризи

„Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејжи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, иако не значи дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Таму каде е најопасно имаме луѓе“, вели претседателката

Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав одлуката за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во гасењето на пожарите. Ова денеска го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гасењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево, посочувајќи дека кога ќе престанат пожарите, потребно е веднаш да се разгледа Законот за управување со кризи и да се преиспита организацијата внатре.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на припадниците на Армијата вклучени во гасењето пожарот на планината Серта / Фото: Принтскрин

„Верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко, тие се наожале на вистинскот место. Се зголемува бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто сонцето на нашето знаме. Не е само нашата република во пламен, сиот Балкан е во пламен“,

рече таа.

Уверена е во способноста на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите.

„Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејжи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, иако не значи дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Таму каде е најопасно имаме луѓе“,

рече таа.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на припадниците на Армијата вклучени во гасењето пожарот на планината Серта / Фото: Принтскрин

Со одлука на претседателката ангажирани се дополнителни 200 припадници на Армијата во гасење на пожарите. Со тоа, вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300.

Дополнителните сили од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе се ангажираат по насоки на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

Од генералштабот на АРМ информираа дека изминатите денови дејствуваат со 100 припадници и два армиски хелихоптера, кои се ангажираат на локации по насока на ЦУК, со исфрлени на повеќе од 150 тони вода.

Воедно, припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора.