Сиљановска-Давкова ги прими светските шампиони и вицешампиони во ученички ракомет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои остварија историски успех на Светското првенство во ракомет за средношколци во Скопје. Машката селекција го освои златниот медал, стекнувајќи титула на светски училишен шампион, додека женската репрезентација се закити со сребрен медал и титулата светски вицешампион. Изразувајќи им честитки за прекрасните резултати, претседателката подвлече дека освоените медали се резултат на искрен труд и посветеност.

Прочитајте и:  Со смените во позитивната листа на лекови за трансплантиран бубрег се ризикуваат човечки животи