Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова ја подвлекува важноста на ликовната уметност за културниот и духовниот напредок на Македонија. Според неа, манифестацијата „Зимски салон 2026“ е значајен настан кој нуди преглед на актуелните ликовни бидејќи и упатува на нови патишта во уметноста.
Сиљановска-Давкова посочува дека уметничкото творештво располага со моќ да ги премости географските и политичките ограничувања, отворајќи можности за плоден дијалог меѓу македонската уметност и европските и светските трендови. Од модернистичките дела на Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, преку силното присуство на Петар Мазев и поетиката на Димитар Кондовски, па до актуелните автори кои создаваат иновативни форми и значења.
Оваа година „Зимски салон“ е под курирање на угледната словенечка ликовна критичарка Лилјана Степанчиќ.




