Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени се случи денеска во западниот дел на Турција, во регионот Баликесир, како што соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Турција.
Овој земјотрес беше почувствуван и во Истанбул, како и во целата околина на Мармара и Егејското море.
Епицентарот на настанот бил на длабочина од 11 километри, на растојание од 52 километри од Баликесир.




