Силен земјотрес го вознемири Крит

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран пред неколку часа, околу 6:30 локално време, во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит. За сега, нема пријавени проблеми. Според податоци од Геодинамичкиот институт, епицентарот се наоѓал во морската област, седум километри југозападно од градот Гудура, на длабочина од 5 километри.

Заменик-префектот на регија Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ истакна дека земјотресот бил почувствуван во источниот дел на островот, и дека се чека известување за евентуални последици. Цивилната заштита е во состојба на готовност за секој случај.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција, професорот Ефтимиос Лекас, изјави дека земјотресот бил почувствуван не само на Крит, туку и на соседните острови Касос и Карпатос. Според сеизмологот Герасимос Пападопулос, на социјалните мрежи сподели дека веќе следат последователни потреси, со најголем од 3,8 степени, и нагласи дека сеизмичката активност се одвива на значително растојание од Крит, што ја намалува опасноста, дури и во случај на поголем земјотрес.

Прочитајте и:  Милиони пропаднаа од ИПА-фондовите: Кривична пријава за странски државјанин кој го сокриваше стечајот на банка

Припомнуваме на настанот од 2 мај 2020 година, кога земјотрес со јачина од 6,6 степени се случи јужно од Крит, без да предизвика значителни штети, делумно поради растојанието. Тогаш беше забележано и мало цунами кај Јерапетра и Касос, што го потврди и сеизмологот.