Чуварите на традицијата и споменот на Илинден! Како општина, ни беше особена чест да ја пречекаме коњаницата на Патот на Црешевото Топче до Бигорскиот Манастир, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
– Ова е моќен потсетник на вековната борба и идеалите на македонскиот народ за слобода и независност. Од Ѓорче испраќаме порака до Мечкин Камен. Таму, каде што слободата се прославува, сме и ние, заедно со вас. Среќен пат, коњаници! Ѓорче е тука за вас! Македонија е со вас! Да ни живее Македонија, напиша градоначалникот на социјалната мрежа Фејсбук.




